Никој незнае за што се работи: 17 ученици во основно училиште паднале во несвест!

Во местото Шајкаш во Србија во основно училиште десет деца се примени во болница откако се онесвестиле на школскиот час.Најпрвин било кажано дека во салата по физичко образование дошло до испуштање на некои гасови. Меѓутоа во инсталацијата во училиштето не било пронајдено ништо. Што е точната причина за губењето на свеста кај 17-те ученици и понатаму не се знае.
Најпрвин се пожалило едно дете и додека професорите дошле да видат за што станува збор одеднаш децата масовно започнале да се онесвестуваат.
Децата веднаш биле однесени во Клиничкиот центар во Нови Сад.
-Децата се згрижени и не се животно загрозени, а полицијата како и сите надлежни служби се наоѓаат на терен.
Се работи за 17 деца а увидот во болницата сеуште трае, додека во училиштето освен полицијата се наоѓаат и инспектори и советници од Школската управа на Нови Сад- било изјавено во Министерството за образование.
Според информациите, десет деца се примени во болница од кои осум се задржани.
Едно дете е на полу-интензивна нега. Во болницата за српски „Блиц“ рекле дека се работи за „инхалаторна интоксикација“ што значи дека на децата им се слошило од нешто што вдишале.
Меѓутоа лекарите незнаат за каков гас станува збор иако се сомневаат на јаглен монооксид.
Се чека утврдување од експертите. Наставата ќе биде прекината се додека не се разреши случајот. Најпрвин било кажано дека во салата по физичко образование дошло до испуштање на некои гасови. Меѓутоа во инсталацијата во училиштето не било прона

Пронајдете не на следниве мрежи: