Инспекторите на Агенцијата за храна досега ниту еднаш лабораториски не провериле дали во храната на македонскиот пазар има генетички модифицирана храна или храна со генетички модифицирани организми (ГМО).Не е направена ниту една лабораториска контрола
Инспекторите на Агенцијата за храна досега ниту еднаш лабораториски не провериле дали во храната на македонскиот пазар има генетички модифицирана храна или храна со генетички модифицирани организми (ГМО). Иако продажбата на дел од генетички модифицираната храна е дозволена уште од 2008 година, со одобрение на агенцијата, ниту една фирма не побарала дозвола за да се внесе на пазарот. Во исто време се шпекулира дека ГМО има во производи на нашиот пазар, а тоа не стои на декларациите. До толку повеќе што во земји во близината наводно на големо се произведува ваква храна или се користи во производството.
Научниците, како и експертите за храна, имаат поделени мислења за тоа дали е штетна употребата на ГМО. А потрошувачите имаат право да знаат што купуваат и сами да одлучат за изборот.
Дозволени се ГМО-пченка, ориз, компир и соја
Деновиве ќе биде објавен нов правилник за безбедност на ГМО, за кој од Агенцијата на храна тврдат дека е речиси истиот со досегашниот. ГМО се создава со вкрстување гени од еден вид со гени од растенија и животни од друг вид, а можеби во иднина и со гени од човекот. Во природата такво нешто никогаш не се случува, па затоа многумина сметаат дека не може да се претпостави каде може да води сето тоа.
– Досега немаме официјално барање за одобрување ГМО-производ во Македонија. Никој официјално не побарал увоз, или пуштање во промет на ГМО-производ или производ што содржи генетички модифицирани организми. Ако некој сака да увезе ГМО-храна, мора да помине низ процедура во нашата институција. Постапката е строга. Секој апликант, меѓу другото, мора да донесе анализи и научни сознанија од акредитирана лабораторија – објаснуваат од агенцијата.
Македонија ја следи европската легислатива и дозволени се продажба на пченка, соја, ориз, еден вид компир и маслодајна репка, со одобрување на агенцијата.
Прочитајте го целиот текст тукаНе е направена ниту една лабораториска контрола
Инспекторите на