Никола Димески – член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, на својата официјална страница објави статус во кој потсети на пораката што ја упати уште пред неколку месеци.„Од нас, МАКЕДОНЦИТЕ, зависи дали ќе дозволиме конечно да ја уништат Македонија или цврсто и одлучно ќе дадеме до знаење дека МАКЕДОНСКИОТ НАРОД одлучува за својата држава. Од нас зависи каде ќе биде Македонија после оваа криза.“
„Навлегуваме во исклучително критичен момент за нашата татковина. Се наоѓаме во „Да се биде или не” момент. Полека се одмотува клопчето и доаѓаме до вистинската цел за политичката криза во Македонија. Оваа статија на Героски, претходно Фрчкоски, Петкоски, Заев, Шеќеринска, минатата недела изјавата на Нимиц итн, покажуваат дека СДС воопшто не го контролира своето однесување и своите активности и се под целосна контрола на други интереси чија крајна цел е уривање на македонската држава и нација. Ранливоста во која се наоѓаме поради смислената и наметната политичка криза, потпомогната од желбата на СДС да дојде на власт без регуларни избори, нè внесува во период каде ќе се лицитира со сè што е македонско – име, јазик, нација, територија, барање за нови договори и слично. Имам чувство дека се соочуваме со последниот организиран напад да се скрши нашето постоење и обид за уништување на македонското национално ткиво. Мора да истраеме, затоа што од нас зависи каде ќе биде Македонија во иднина, но уште поважно, дали воопшто ќе ја биде!? Од нас зависи дали ќе дозволиме од Македонија да направат следна Шекспирова трагедија или ќе ги оправдаме жртвите за македонската кауза и нема да ја свиткаме кичмата туку ќе застанеме цврсто во одбрана на патот кој носи развој и иднина на нашата држава“, напиша Никола Димески.„Од нас, МАКЕДОНЦИТЕ, зависи дали ќе дозволиме конечно да ја уништат Македонија или цврсто и одлучно ќе дадеме до знаење дека МАКЕДОНСКИОТ НА
Пронајдете не на следниве мрежи: