Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес ќе присуствува на означувањето на почеток на градежни активности за изградба на новата фабрика на Џонсон Контролс.Според најавите, настанот ќе се одржи во ТИРЗ Струмица.
„Џонсон Контролс“ е втората компанија којашто неделава почнува со изградбата со својата нова фабрика. По Штип, американската компанија лоцира производствен погон во Струмица. Инвестицијата е тешка 20 милиони долари, ќе донесе нови 1.500 работни места. Дејноста останува иста, производство на покривки за автомобилски седишта.
-Отворањето на новата фабрика е важен настан. Ова не е само значајна инвестиција од 20 милиони долари, туку истовремено и можност за нови вработувања, кои заедно со оние во фабриката во Штип изнесуваат над 3.000 работни места, вели директорот во „Џонсон Контролс“, Питер Хајфт.
„Џонсон Контролс“ ги проба и скопската и штипската зона, на ред е Струмица.Според најавите, настанот ќе се одржи во ТИРЗ Струмица.
„Џонсон Контролс“ е втората компанија којашто неделава почнува со изгра