Никола Груевски денес оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија г. Самуел Жбогар

Соговорниците се осврнаа на европските интеграции на државата, чекорите и мерките кои се превземаат, а се во насока на напредок на процесите, како и актуелните политички случувања во државата.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски ја афирмираше стратешката цел за влез во Европската унија, како значаен приоритет на државата, и важноста на соработката во насока на исполнување на зацртаните критериуми.
 Груевски посочи дека интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за  наметната политичка криза. Тој истакна дека во тој процес важна е соработката и конструктивниот пристап на сите субјекти вклучени во изборите, овозможувајќи им на граѓаните исполнување на нивното демократско право на избор.
 
 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски на средбата му посака успех во исполнување на новата должност на шефот на Делегацијата Жбогар, изразувајќи надеж дека неговиот личен успех во исполнувањето на новите обврски ќе значи и преставува заеднички успех за Република Македонија на планот на интеграциските процеси.
 
 Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на конструктивната и позитивна соработка и дијалог  во насока на исполнување на стратешките цели за членство во ЕУ.
 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски ја афирмираше стратешката цел за влез во Европската унија, како значаен приоритет на државата, и важноста на с

Пронајдете не на следниве мрежи: