Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес заедно со економскиот тим одржа работен состанок со Сојузот на Стопански комори на Македонија.Тој од бизнисмените побара идеи и предлози кои како проекти ќе бидат вметнати во новата предизборна програма на владејачката партија. Груевски потенцира дека како и секоја, така и оваа програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде сеопфатна, напишана по консултации со сите релевантни фактори како бизнисмените, но пред се со граѓаните.
-Како што знаете од минатото, програмата е секогаш многу детална и повеќе наликува на акционен план за работа на Влада отколку на обична политичка програма. Знаете дека потоа прилично цврсто се држиме до исполнување на таа програма и ги остваруваме дадените ветувања. Кога правиме програма за изборите тоа е исклучително важен момент за нас и за сите субјекти во државата. Не случајно ги вршиме сите неопходни подготовки, разговори, собирање идеи, дискусии и дебати…Правиме обемни подготовки за да извадиме материјал кој понатаму ќе даде дополнително гориво во нашата држава и економија за наредните 4 години, рече Груевски.
Тој потенцира дека работата на ВМРО-ДПМНЕ се заснова на два клучни фундаменти- животот на граѓаните да го направи подобар и да се овозможи непречен развој на економијата кој ќе создаде нови можности и услови за напредок.
-За да се постигне ова, потребно е да се слушне гласот на граѓаните, но и препораките на бизнис заедницата, а за да се реализираат нови дела потребен е план. Тој план е нашата програма која е наша визија за тоа како Македонија треба да оди напред. Без исклучок пред избори, нашата програма е најсилниот и најзначајниот документ околу кој ја темелиме нашата политика. Нема тајни за постигнување на успех, туку успехот е работа, добро планирање, решавање на проблеми, план и визија за напредок, сеопфатен, добро подготвен со слушнати сите страни кои можат да допринесат и кои можат и сакаат да дадат коментар. Ние постојано го слушаме народот, рече Груевски.
Во другиот фундамент одлучувачки и многу значаен за ВМРО-ДПМНЕ е гласот на бизнис заедницата.
-Секој член на економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ е лесно достапен со секој предизвик со кој се соочувате и ние сме во перманентна комуникација. Отворени сме и достапни да ги слушнеме сите ваши предлози и идеи за тоа како може да ја унапредиме работата на компаниите, како може да ја подобриме бизнис климата, да отвориме нови можности и сето тоа да го преточиме во наша програма. Кога сме кај бизнис климата добро знаете дека имаме огромен напредок, за многумина кои не следат од надвор, дури и неверојатен напредок, но секогаш има можност за уште повеќе. Ако сме сега во првите 12 во светот и шесто во Европа, зошто да не бидеме на 5-то во светот или на 3-то во Европа. Тоа може да го постигнеме само ако заеднички работиме и создадеме вредност која ќе даде резултат, рече Груевски пред претставници на компании од сите сектори на економија.
Целта на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Груевски, е на следните избори да излезе со најсеопфатната и најобемната програма.
-Истата ќе содржи многу нови мерки, многу нови проекти кои се одговор на она што вие како стопанственици и како бизнисмени сте го побарале и она што им е потребно на граѓаните. Огромен број на вашите барања и потреби ќе бидат земени во предвид и тие ќе бидат преточени во решенија на економскиот тим напишани во нашата програма. Важни ни се сугестиите. Го почитуваме мислењето на секој и отворени сме да го слушнеме гласот на секој. Независно дали е тоа идеолошки, политички, партиски, етнички, верски, полово, социолошки или пак од различни или исти сектори или различен степен на развој, помлади или постари, побогати или посиромашни, оптимисти или песимисти… Важна ни е вашата идеја, вашите препораки за економијата. Ние сме опција за кои најважен од се е напредокот, најважни се идеите кои што овозможуваат напредок, а не кој ги дава. Економијата е нашиот најсилен фокус, рече Груевски.
Соработката помеѓу ССК и Владата на Република Македонија е постојана и дава позитивни резултати, а е во насока на подобрување на условите за водење на бизнис како и посредување при решавање на проблеми со кои се соочуваат приватните компании.
-Соработката е од голема важност за членовите на сојузот и претставува можност за споделување идеи, иницијативи, доставување предлози за унапредување на деловното опкружување, зголемување на конкурентноста и разрешување на одредени предизвици кои ќе овозможат поуспешно функционирање, истакна Митко Алексов извршен директор на ССК.
Соработката со Владата, повлече Алексов, треба да продолжи и во иднина во насока на подобрување на условите за работа на бизнис заедницата и непречено функционирање на стопанството.
Како резултат на успешната досегашна соработка, голем број на предложени мерки се прифатени и имплементирани.
-Сојузот на Стопански комори подготви предлог пакет економски мерки составен од вкупно 65 мерки во категории фискална политика, законска регулатива и административни бариери, градежништво, недвижности и енергетика, унапредување на пазарот на трудот, трговијата и развој на ИКТ секторот во државата, подвлече Алексов.Тој од бизнисмените побара идеи и предлози кои како проекти ќе бидат вметнати во новата предизборна програма на владејачката партија. Груевски поте