Никола Груевски и Емил Димитриев ги посетија граѓаните од Стајковци

Премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кои поради синоќешното невреме ги прекинаа годишните одмори, попладнево ги посетијка најпогодените граѓани во скопско Стајковци.Димитриев и Груевски се во придружба на министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Диме Спасов. Тие информираа за помошта што им се доставува на локалните жители во Стајковци, Економија, Инџиково, Сингелиќ и останатите критични точки.
На средбите со жителите на Стајковци беше посочено дека ќе се обезбедат нови пакети со храна. Во синоќешното невреме беа загрозени околу 20.000 граѓани, од кои 5.000 имаат најголема потреба од храна. Покрај Црвениот крст кој обезбеди храна за 4.000 лица, дополнително државните институции ќе обезбедат храна за најпогодените за што ќе се дискутира на вечерашната нова владина седница закажана за 21 часот.
– Заклучивме да напрвиме листа на сите потребни артикли веднаш. За таа цел на владина седница формиравме заедничка комисија на министерствата за одбрана, внатрешни работи и труд и социјала, како и Црвениот крст. Се обратија и неколку соседни земји за помош, информира премиерот Димитриев.
Груевски сугерираше да се реагира што поскоро за обезбедување повеќе пакети помош.
Груевски и Димитриев изјавија дека институциите ќе обезбедат повеќе механизација за санирање на штетите и поsледиците од катастрофалното невреме. Исто така, ќе се ангажираат и повеќе војници, односно началникот на Генерал штабот ќе биде задолжен согласно потребите на граѓаните да ангажира повеќе војници кои ќе помогнат на терен.
Дополнително, на граѓаните им беше ветено дека ќе се ангажираат и градежни фирми кои уште од вечерва ќе почнат со расчистување на штетите. Исто така, ќе се организираат и пунктови за волонтери кои ќе помогнат во справување со последиците.
Димитриев и Груевски се во придружба на министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Диме Спасов. Тие информираа&n

Пронајдете не на следниве мрежи: