Никола Груевски на средба со граѓаните на Радожда!

Неколку дневната агенда во охридско- струшкиот регион, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски ја заокружи со средба со граѓаните на Радожда, која се случи во попладневните часови.Жителите на Радожда изразија благодарност до Владата за асфалтирањето на дел од пристапниот пат кој води до нивното населено место, како и рестартирањето на кампот Ливадиште.
Присутните побараа да се асфалтираат и останати околу 500 метри, за кои Груевски и ресорниот министер им ветија дека ќе бидат завршени до крајот на годината.
 
Жителите на струшкото село Радожда на средбата истакнаа дека решавањето на проблемот со фекалната канализација за нив  претставува најголем приоритет.
За решавање на овој проблем, Груевски истакна дека бил запознаен и разговарал со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. За финансирање на овој проект, според Груевски, решението ќе се бара преку ИПА фондовите на Европската унија. Доколку не се обезбедат на овој начин прашањето со изградба на кракот кај Радожда од колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро ќе се решава со државни средства. Вкупната проценета вредност за оваа инвестиција е околу 10 милиони евра, а само за Радожда потребни се околу еден милион евра.
 
Разговарајќи за туризмот, жителите истакнаа дека туризмот во Радожда е во постојан пораст и од година во година постојано расте бројот на посетители паралелно со туристичката понуда на ова место.
Во насока на развој на туризмот Груевски најави дека кампот Ливадиште освен тоа што беше повторно отворен во наредниот период следат сериозни инвестиции преку ЕЛЕМ во нови содржини, изградба на дрвени куќарки, бунгалови, за што се изработува идејно решение..
 
Во врска со барањето за менување на столаријата и покривот во основното училиште во селото, Груевски рече дека ќе биде ставено во списокот на образовни институции на кои им  е потребна реконструкција.
Проблем за ова населено место е и донесувањето на Деталниот урбанистички план. Груевски и министерот Мисајловски посочија дека следува носење на законот кој би бил донесен во август, по што следува општ акт при што некаде до ноември би имало усови за решавање на ова прашање.
 
Жителите на Радожда на средбата со Груевски изразија благодарност за посетата и за можноста на директен начин да поразговараат за сите проекти но и за сите проблеми со кои се соочуваат жителите од ова струшко село.Жителите на Радожда изразија благодарност до Владата за асфалтирањето на дел од пристапниот пат кој води до нивното населено место, како и рестарти

Пронајдете не на следниве мрежи: