Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оствари средба со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа.Соговорниците разговарале за актуелната политичка состојба, начините и мерките кои се превземаат за нејзино надминување, како и интеграциските процеси важни за државата.
Груевски посочил дека изборите на 24-ти април се неопходни за надминување на наметната политичка криза, преку еден демократски процес каде граѓаните согласно нивната волја ќе одлучат за иднината на државата.
Груевски истакнал дека еден од најзначајните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ е тие избори да бидат фер, регуларни и да се реализираат во демократски амбиент што ќе зависи од придонесот на сите чинители вклучени во процесот. Тој подвлекол дека изборите се и тест за демократскиот капацитет на партиите и подготвеноста да се соочат со волјата на граѓаните.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски истакнал дека на Република Македонија и се потребни избори и поради добивањето на стабилна влада која ќе ги продолжи реформите за подобрување на животниот стандард, спроведување на мерки важни за граѓаните и соочување со останатите предизвици важни за државата.
Во поглед на интеграциските процеси Груевски истакнал дека стратешки интерес на Република Македонија е членството во Европската Унија при што реализацијата на реформите кои ќе придонесат за унапредување на различните сфери од општественото живеење се во фокусот на работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Соговорниците разговарале за актуелната политичка состојба, начините и мерките кои се превземаат за нејзино надминување, како и интеграциските проц