Директорот на ЈП Исар, Никола Мицевски, познат меѓународен одбојкарски судија и македонски спортски амбасадор, направи потег кој заслужува спортски респект.Имено, директорот на ЈП Исар, бил на стадионот во Штип, на мечот меѓу екипите на Брегалница и Шкендија, кој заврши со нерешен исход, резултат 1-1.
Навивачите на Шкендија, на полувремето побарале да се освежат со вода, бидејќи веднаш по пристигнувањето во Штип, биле сместени на стадионот.
Никола Мицевски, според известувањето на порталот „спортефе“, веднаш реагирал, на полувремето обезбедил импровизирана „чешка“ црево, кое било поставено на атлетската патека.
За издвојување е тоа дека навивачката група на Шкендија, популарните „Балисти“ веќе втор натпревар по ред како го одржуваат зборот откако ветија дека ќе се навива фер и коректно, без националистички испади и слично, се навивало фер, коректно и спортски.
Извор/Фото: sportefe.com.mkИмено, директорот на ЈП Исар, бил на стадионот во Штип, на мечот меѓу екипите на Брегалница и Шкендија, кој заврши со