Јас сум немоќен да творам било што друго освем пишан збор со посвета за големиот охриѓанец. До скоро видување во тераса Аквариус, некоја сабота, во десет часот наутро, втората од десно…За големиот охриѓанец Др. Љубен Арнаудов
(семеен историјат)
Секогаш велев, за мене позначајно е да се чекори по калдрма отколку по црвен тепих. Низ калдрмата има многу историја, таму си свој на своето, и нема двојба или знаеш да одиш по неа или се сопнуваш. Знам дека и ти ја сакаш калдрмата онаа староградска, варошка, типично охридска, тешка за одење. Говореше, овде на овие сокаци е нашата историја…и така е…овде е и мојата и твојата…на нашите потомци… но била и на нашите претци. Јас сега можам само да се присетам на претците кои се движеле низ оваа калдрма и меѓу нив да ги одвојам и твоите…Бидејќи кога коренот е здрав, стеблото и цутот ќе опстојат!Љубен Арнаудов…по татко од фам. Арнаудови по мајка од фам. Коцареви.Од фамилијата Kоцареви во чија лоза припаѓа неговата мајка во 1900 година на 26 годишна возраст убиен од турската војска е Стефан Коцарев. Во 1904 година во село Мислешово од страна на турски бег е убиен Пандуш Коцарев, татко на Крум Коцарев т.е дедо на Др. Љубен Арнаудов.1931 година Др. Анастас Коцарев е убиен во Лозана. Тој бил претседател на друштво на интелектуалците на ВМРО за Европа а воедно и потписник на меморандумот до Друштвото на народите во 1919 година против поделба на Македонија.Од поновата историја на неговата фамилија во 1944 година Илија Коцарев е осуден на смрт како кмет на град Охрид но помилуван на 20 години робија при што одлежал 12 и пол години и починал. Во 1947 година Љупчо Коцарев, вујко на Др. Љубен Арнаудов е осуден и одлежал 6 години затвор бидејќи неговите размисли биле за автономна Македонија и ВМРО. 1949 година Владо Коцарев е осуден на 17 години затвор при што одлежал 10 години за ВМРО.Од лозата на неговиот татко чие презиме Арнаудов гордо го носи во 1903 година од страна на Турците убиен е Ангеле Арнаудов кој бил дел од четата на најпознатиот охридски војвода Христо Узунов инаку прадедо на Др. Љубен Арнаудов. Ристо Арнаудов, син на гореспоменатиот Ангеле Арнаудов бил шест години војска во Првата световна војна. Неговиот стрико Ангеле Арнаудов бил партизан заедно со неговиот друг стрико Перо Арнаудов. Таткото на Др. Љубен Арнаудов, Руско Арнаудов бил курир за време на Втората световна војна за што има добиено и признание. Тој прв отвора и ушно одделение за регионот Охрид, Струга, Кичево и Дебар за што има добиено и орден со златни венци, како и највисокото општинско признание 7 – ноември, потоа златен орден од Медицински центар, награди од друштвото на лекари на Македонија, награди од Црвен крст и сл. Поради неговото значение во медицинските дејности денес одделението за уво, нос и грло при Општата болница во Охрид го носи неговото име.Јас сум немоќен да творам било што друго освем пишан збор со посвета за големиот охриѓанец. До скоро видување во тераса Аквариус, некоја сабота, во десет часот наутро, втората од десно…Твојот пријателДоц. Д-р Никола Митровиќ БабеУтро 4:3010.01.2018За големиот охриѓанец Др. Љубен Арнаудов
(семеен историјат)