Никола Попоски учествуваше на самитот против ИСИС во Вашингтон

Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски вчера учествуваше на состанокот на коалицијата за борба против Исламската држава во Ирак и Сирија, кој се одржа во Вашингтон. Домаќин на состанокот на алијансата против ИСИС беше американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, при што на маргините на самитот Попоски ја имаше и првата средба со новиот шеф на американската дипломатија.– На оваа конференција се заклучува дека воениот дел е пред своја завршница во Сирија и Ирак против Исламска држава, но сите веруваат дека тоа е најлесниот дел од задачата. Најтешкиот следува понатаму за враќање во нормала на животот, што е нешто што ќе одземе долг временски период. Но, главниот предизвик и за нас како Македонија, за земјите од регионот и сите земји членки на оваа коалиција е процесот на дерадикализација што треба да се одвива во следниот период. Борба против онаа појава на странски борци, граѓани од нашите држави кои ги имаат облечено униформите на Исламската држава и војуваат или мобилизираат други луѓе да војуваат таму на начин како што се случуваше во изминатите години. Ова е долгорочниот предизвик и од ова ќе зависи најмногу успехот и на американската интервенција и на целата коалиција мобилизирана против оваа закана за нашата цивилизација, изјави Попоски за Македонската телевизија.
Коалицијата против ИСИС има 68 држави членки и собирањето на министрите за надворешни работи од овие држави во Вашингтон е една од најзначајните досегашни активности на секретарот Тилерсон. Тилерсон најави дека овој состанок ќе биде и можност за средба со голем број од европските сојузници, имајќи предвид дека тој реши да го пропушти самитот на министрите на НАТО почетокот на април, со цел да отпатува во посета на Русија.
За време на самитот во Вашингтон, Тилерсон изјави дека воените операции против ИСИС, со очекуваниот пад на Мосул во Ирак и опколувањето на градот Рака во Сирија во голема мерка се при крај. Потоа, Тилерсон додаде, ќе мора да следат акции на безбедосните служби за лоцирање и неутрализирање на разбиените членови на исламистичката група, за кои се стравува дека ќе се обидат да се префрлат во некоја од западните земји со цел да извршат терористички акции.
– Првин треба да продолжиме со контра-терористичките операции и полициските операции. Сите ние имаме мрежи на ИСИС во нашите држави и ќе биде потребна голема полициска акција да се запре нејзиниот раст. ИСИС е поврзан на секој континент и мораме да ги уништиме сите алки во нејзиниот синџир. Интерпол е најновиот член на нашата коалиција и ќе биде клучен за затворање на сите закани за патување и по безбедноста на нашите земји. Второ, потребно ни е поголема размена на разузнавачки информации внатре помеѓу агенциите во државите и помеѓу земји членки на коалицијата, изјави Тилерсон.– На оваа конференција се заклучува дека воениот дел е пред своја завршница во Сирија и Ирак против Исламска држава, но сите веруваат дека то

Пронајдете не на следниве мрежи: