Никола Симеонов Андреев- Алај Бег

Никола Симеонов Андреев, познат како Алај бег или Кољо Мокренски, е македонски револуционер член на МРО,костурски војвода и учесник во Илинденското востание.Никола Симеонов Андреев, познат како Алај бег или Кољо Мокренски, е македонски револуционер член на МРО,костурски војвода и учесник во Илинденското востание.
Никола Андреев е роден во 1879 година во Мокрени, тогаш во Отоманската империја. Учи во Костурско егзархиско третокласно училиште. Завршува петти клас гимназија со одличен успех  во Варна, а потоа закратко следи настава во Военото училиште во Софија. Се вклучува во  служба на Осмиот крајбрежен пешадиски полк. Ја напушта воената служба за да се даде на револуционерна дејност. Во МРО е внесен од страна на Лазар Поп Трајков и Тома Давидов. Во 1902 година за кратко време е четник во четата на војводата Марко Лерински.Подоцна станува агитатор во Костурско а потоа и војвода.
Во почетокот на Илинденското востание не успева да ја заземе Клисура,но потоа со помош на Пандо Кљашев,Пандо Сидов, Васил Чакаларов, Манол Розов и Марко Иванов ги заземат Клисура и Невеска. По востанието заминува за Бугарија, но во 1904 година се враќа во Македонија и станува Лерински војвода,кога во 1905 година е заменет од Кочо Цонката. До времето на Хуриетот е Кајларски војвода, потоа станува учител во родното село. Во септември 1910 година по обновата на револуционерната организација повторностанува нелегален.
Никола Андреев е убиен од својот другар и соселанин Турчето на 11 август 1911 година.

Никола Симеонов Андреев, познат како Алај бег или Кољо Мокренски, е македонски револуционер член на МРО,костурски војвода и учесник во Илинденското

Пронајдете не на следниве мрежи: