Европа се соочува со еден од најголемите хуманитарни предизвици по Втората светска војна. Многу луѓе бегаат од војната и главно се од Сирија. Тоа е причината зошто нам ни треба заеднички европски пристап. Пристап кој ќе им даде хуман третман на овие луѓе со лоша судбина, истакна пратеникот Александар Николоски пред Парламентарното Собрание на Совет на Европа по повод извештајот за состојбата со бегалците во Грција.Според Николовски, извештајот на многу места е едностран и неточен, а како пример наведе дека се користат зборови како „брутална реалност за Грција“ или „гротескно несразмерен товар“, „заради местото на Грција на географската карта“. Информирајќи за предизвиците со кои се соочува Република Македонија заради нејзиното место на географската карта рече дека ситуацијата во Македонија е повеќе од специфична, со оглед на притисокот со кој се соочува од нелегалните мигранти на јужната граница, што, потенцира, е практично надворешна граница на Европската унија.
Тоа, посочи Николовски, значи дека Македонија се соочува со кризна ситуација која се прелева од земја-членка на Унијата, која исто така е членка и на Шенгенскиот договор. Поточно, нашата соседна земја Република Грција, на организиран начин, секојдневно транспортираше илјадници мигранти на нашата граница, рече Николовски, укажувајќи дека само во текот на минатата година повеќе од милион мигранти транзитираа низ територијата на Македонија.
Вкупното население во Македонија, додаде, брои два милиони граѓани. За да ја илустрирам оваа поента, јас само ќе споменам дека на 11 септември, во само еден ден, 10.400 мигранти влегоа во нашата земја. – Исто така, во Извештајот не се споменати активностите на грчките невладини организации кои организирале и давале инструкции на многу мигранти како да ја нападнат македонската полиција и насилно да ја преминат границата, рече Николовски.
Тој истакна дека Република Македонија се обидува да обезбеди хуман пристап на сите бегалци од војната и нагласи дека не е точно она што се вели во Извештајот дека ја затворила границата.
-Република Македонија само ги насочува бегалците на законските и легални точки за проверка и гранични премини. На секој оној кој бега од војната му е дозволено да влезе во земјата и да го продолжи својот пат кон север и Република Македонија се обидува да им обезбеди хуман пристап. Но, на оние кои се економски мигранти кои доаѓаат од земји кои не се погодени од војната, во согласност со одлуките на ЕУ Република Македонија не може да ги прифати. Се надевам дека сите остануваме на тоа дека мора да им помогнеме на бегалците и да се направи разлика со економските мигранти, рече Николовски.
Овие бранови од бегалци, додаде, бараат зголемена соработка помеѓу земјите на Европската унија, и нам ни треба заедничка европска одговорност и заедничка утврдена бројка на мигранти кои се насочуваат и прифаќаат од сите земји од Европската унија. Не само Германија, туку сите земји од Европската унија треба да покажат солидарност, да се приклучат во оваа фаза, да дадат поддршка на она што Германија го прави. И останатите земји членки на Унијата треба да помогнат.
-Бараме заеднички и одговорен пристап на Европа кон ова прашање. Не оставајте не сами во оваа криза. Република Македонија не е и не треба да биде жртва на неуспесите на особено на Република Грција, која треба да ги заштити надворешните граници на Европската унија и да се справи со проблемот на миграцијата. Не заборавајте дека ние сме единствената земја која не е членка на Европската унија, а која добива мигранти од земја-членка на ЕУ, рече Николовски.
Тој побара известителот да не ја користи референцата „ПЈРМ” за Македонија додавајќи дека „Македонија е таа земја што не е членка на ЕУ само поради грчкото вето, а истата таа Грција не успева да ја заштитува надворешната граница на ЕУ и сега малата Македонија мора да го прави тоа“.Според Николовски, извештајот на многу места е едностран и неточен, а како пример наведе дека се користат зборови како „брутална реално