Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес ја поздрави одлуката на ПС на Совет на Европа да ги набљудува парламентарните избори на 24ти април.Тој се обрати во името на Европската народна партија.
-Ова Собрание е секогаш поврзано со изборите. Луѓето не избираат нас за да ги претставуваме нив, да зборуваме за нив, да ги споделиме нивните визии, желби, надежи, очекувања, да работиме за нив! Како што знаете, минатата година Република Македонија се соочи со невидено однесување на политичката опозиција која незаконски објавуваше прислушувани материјали на раководството во земјата, владините функционери и пратеници во Собранието на Република Македонија. Ние одлучивме да ја решиме оваа ситуација со политички договор меѓу главните политички партии, што не доведе до договорот од Пржино во јуни/јули 2015 година. Овој договор овозможи заедничка одговорност во Владата на Република Македонија за организирање на предвремени избори притоа давајќи и важни места на опозицијата, како што се Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика. Завршна фаза на овој договор се предвремените избори на 24-ти април оваа година. Но, сега се соочуваме со еден невидена ситуација каде опозицискиот Социјалдемократски сојуз се заканува со бојкот на изборите поради негови тесно партиски интереси. Претпоставувам дека не постои втор пример во вашите земји и парламентите, опозицијата да бега од избори, во целина тоа е противречно на самата опозиција која секогаш бара да има избори што е можно поскоро и не размислува за бојкот на истите. Се надевам дека овие европски практики, исто така, ќе бидат препознати од страна на македонската опозиција, рече Николоски.
Пратеникот смета дека изборите се најважниот дел на секоја демократија. Посочи дека тоа е ден кога граѓаните ги избираат своите претставници.
-Ниту една партија, организација или институција не може да го попречи тоа право. Среќен сум што ова Собрание утринава одлучи да испрати набљудувачка мисија за изборите на 24-ти април и што покажува дека граѓаните се водечки елемент во овие демократски процеси. Ве поканувам сите вас да ги набљудувате изборите. Должност е на сите заинтересирани страни да дадат се од себе за да има слободни, фер и демократски избори. Сакам да потсетам на интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО е заедничка одговорност и на Владата и опозициските партии. Се надеваме дека сите политички партии кои го потпишаа договорот од јуни / јули ќе го почитуваат и ќе учествуваат на изборите на 24-ти април со ќе се забрза процесот на интеграција на Македонија и нејзините граѓани. Зошто треба да ги одржиме овие избори сега? Затоа што на Македонија и треба, а нејзиниот народ тоа го заслужува, Влада која може да дејствува решително во национален интерес, без облакот на политичка криза. Ова е време за сите нас – политичарите и граѓаните – да ги остават настрана своите интереси и да учествуваат во нашиот демократски процес. На крајот, многу е важно што Европа се соочува со најголемата хуманитарна криза по Втората светска војна и што Република Македонија е главната порта каде преминуваат поголемиот дел од бегалците кои бегаат од војната. Ни треба стабилна Влада да го канализира овој проток и да даде хуманитарен пристап кон овие луѓе со тажна судбина. Ова е во интерес не само за Македонија, туку и за Европа и светот воопшто. Заради сето ова се надевам дека ова Собрание ќе биде во можност да ги набљудува изборите на кои ќе ушествуваат сите партии во Македонија, заклучи тој.Тој се обрати во името на Европската народна партија.
-Ова Собрание е секогаш поврзано со изборите. Луѓето не избираат нас за да ги претста