Во емисијата „Круг“ на Радио Слободна Македонија гостуваше пратеникот Александар Николоски, каде зборуваше за начинот и методите на кој СДСМ планира да ја практицира власта.Планот на СДСМ не е да понуди проекти кои што ќе го подобрат животот на Република Македонија, иако така им се викаше Програмата. Туку планот се состои од три дела практично: реваншизам, политички монтирани процеси и целосно партиско поклопување на институциите. Иако во нешто се конзистентни иако за нешто не лажат во своите ветувања, а тоа е што Заев зборуваше некаде пред 4-5 години кога кажа дека: „ Се ќе се избрка, од чистачка до министер“, во Валандово на митинг и дека „Живи луѓе ќе јадат“.
-Но проблем е што ќе се случи со Република Македонија и институциите? Што ќе се случува со инвеститорите кои што доаѓаат во Република Македонија, отвораат нови работни места? Што ќе се случи со инвеститорите кои што се веќе тука? Што ќе се случи со македонските бизнисмени кои што инвестираат во Република Македонија? Што ќе се случи со големите капацитети ? Што ќе се случи со малите и средните претпријатија, затоа што, ако има една ваква правна несигурност и ако има еден ваков реваншизам , тогаш никој нема да се осмели да инвестира . Што значи дека економската активност ќе падне и животот на граѓаните ќе паѓа што е целосно спротивно на она што го ветуваат, рече Николоски.
Исто така Николоски потенцира дека СДСМ, свесни дека одредени работи не можат да ги направат имаат за цел да ги заплашат судиите во Република Македонија, обвинителите, професорите, бизнисмените, дипломатите на Република Македонија. Значи сите оние кои што на еден начин го креираат движењето дали политичко, дали стопанско во државата. Но мислам дека и тоа нема да им помине затоа што веќе иако сме млада демократија, доволно имаат поминато луѓето за да можат да ја направат разликата.
-На крај мислам дека ќе заврши со едно големо фијаско, со едни нереализирани економски ветувања од нив и со еден огромен гнев и реваншизам кој што без разлика кога ќе се случат предвремените парламентарни избори дали сега како што бараме ние или многу скоро како што ќе диктира политичката ситуација, затоа што и да направат влада не очекувам дека ќе издржи долго, кажа Николоски.
Планот на СДСМ не е да понуди проекти кои што ќе го подобрат животот на Република Македонија, иако така им се викаше Програмата. Туку планот