Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во вчерашното гостување во Топ Тема на Телма, посочи дека во однос на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период се ствараат неколку митови, еден од митовите што се создаваат околу ВМРО-ДПМНЕ, а кој што главно се поттикнати од одредени центри на моќ и медиуми, а немаат допир со реалноста е митот поврзан со односите со Русија.Николоски ги повика странците да не се мешаат, но кажа дека секако остануваат отворени за партнерство со сите, без да отстапи од стратешката цел на ВМРО-ДПМНЕ и на Република Македонија.
-Стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ, ова го кажа и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Иво Котевски, како шеф на нашиот Центар за комуникации, останува зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО, како прво. Второ, осудуваме злоупотреба на политичката криза во Република Македонија од било кој надворешен центар без разлика дали е тоа Вашингтон, Берлин, Брисел или Москва ии осудуваме да тие своите геостратешки интереси ги остваруваат врз грбот на Република Македонија. Повикуваме да не се мешаат, но секако остануваме отворени за партнерство со сите без да отстапиме од стратешката цел на ВМРО-ДПМНЕ и на Република Македонија – членство во ЕУ и НАТО, изјави Николоски.
Имено членството во ЕУ и НАТО се и дел од Манифестот за Единствена Република Македонија, кој оваа партија го промовираше.Николоски ги повика странците да не се мешаат, но кажа дека секако остануваат отворени за партнерство со сите, без да отстапи од стратешката ц