Досегашните борци за слобода го покажаа своето тоталитаристичко лице, истакна денес Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.Текст од прес-конференцијата на Александар Николовски:
ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува денешниот срамен обид на Заев и СДСМ да ја укинат слободата на говор прогласувајќи ги медиумите за непријатели. Го осудуваме обидот на Заев и СДСМ да ја укинат и слободата на деловно одлучување со закани и предупредувања кон банките кои учествуваа во аукцијата на државните записи.
Мултимилионерот Заев и СДСМ денес манифестираа невидена дрскост и деструктивност, немање основен демократски и плуралистички капацитет.
Мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ денес се обидоа да ги казнат земјоделците, пензионерите, социјалните случаи и другите категории на граѓани преку директно мешање во деловната политика на банките.
Тие им се заканија на банките дека мора да го следат диктатот од Бихаќка бидејќи партијата имала во иднина и други механизми како да влијае врз нивното работење. На мултимилионерот Зоран Заев и на СДСМ не им е грижа ниту за здравствените работници, ниту за полицијата, ниту за војската.
СДСМ функционира единствено со максимата „колку полошо за државата и граѓаните, толку подобро за СДСМ“. Република Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа и пред изборот на техничкиот заменик министер во Министерството за Финансии од СДСМ не постоеја никакви проблеми при исплатата на обврските на државата кон сите групи на граѓани.
Зоран Заев и СДСМ постави свои министри и заменици министри во пет ресори и граѓаните веднаш ја гледаат разликата. Блокади, проблеми и деструкција. Тоа начинот на дејствување на е СДСМ.
Мултимилионерот Заев и СДСМ денес ги открија намерите зад тоталитарниот предлог на Законот за медиуми. За Заев и СДСМ медиумите биле нивни непријатели и затоа партијата одлучила дека треба да се пресмета со нив.
Ова однесување на СДСМ и Зоран Заев е срамно, крајно недолично, недемократско, спротивно на сите европски стандарди и конвенции за слобода на изразување и слобода на информирање.
Бараме Заев и СДСМ да ги остават банките и медиумите на мира и да престанат со заканите кон секој што не ја дели нивната визија за Македонија која може да се сублимира во еден збор – деструктивност.
Заев и СДСМ имаат уште само 144 дена да се скараат со целиот свет и со самите себе, како што се скараа со банките, медиумите и уште многу други институции, домашни и светски.
Бидејќи СДСМ и Заев одамна му се скараа на народот, на 24 април веќе ќе немаат со кого да се караат. Тогаш збор ќе има народот, по 10-ти пат по ред. И оваа деструктивност на СДСМ ќе биде казнета.Текст од прес-конференцијата на Александар Николовски:
ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува денешниот срамен обид на Заев и СДСМ