Има една суштинска разлика помеѓу нас и СДСМ, а суштинската разлика е дека ние држиме до нашите принципи. Во однос на тоа за бинационална држава, кое го спомнувавте го сега, има една суштинска работа, а тоа е дека вие со постапките кои што ги правите во изминатите месеци со договорот кои што го имате за коалицирање одите таму. Зијадин Села неговата партија вчера пушти соопштение дека сте му понудиле да биде претседател на собрание ама ве одбил, кој што е дел од вашата коалиција јавно на митинзи кажуваше дека очекува да се федерализира државата и да стане бинационална, изјави вечерва во Топ-Тема на Телма, Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.-Тој кажа дека треба да се промени химната, знамето, грбот и уставот на Република Македонија, имате Тиранска платформа во која што имате целосна двојазичност на Република Македонија, декларација за осуда на геноцид и имате промена на знамето, химната и грбот на Македонија. Така што ВМРО-ДПМНЕ не прифати Тиранска платформа СДСМ прифати Тиранска платформа и го материлијазира ова што досега го зборувате по однос на тоа дали имаме или немаме федерализација во Република Македонија. Ние на тоа се спротиставуваме и ќе продолжиме да се спротиставуваме, рече Николовски.
Тој во однос на принципот победник со побеник вели дека очигледно е дека принципите користат само тогаш кога некоја страна од нив има потреба, кога нема потреба некоја страна од нив очигледно тие принципи не користат.
-Затоа ние во манифестот го објавивме, односно патоказот за излез од кризата во Република Македонија ова е едно од клучните прашања кои што ги поставивме дали ова правило важи или не важи, ако важи да се почитува, ако не важи да не се почитува и оваа правило на игра да важи не пред секој избори, туку после секој избори, затоа што граѓаните ги доведуваме во заблуда за тоа како гласаат и за што гласаат и јас не можам да гарантирам дека ова правило ќе функционира и во иднина. Ако ова правило се прекрши сега, ова правило веќе нема да функционира, истакна Николовски.
Тој потенцираше дека тоа правило е утврдено во 2008-та година кога ВМРО-ДПМНЕ прифати еднакво да бидат застапени во власта и Илабнските политички партии и да се почитува волјата на победникот.
-Најбитната работа СДСМ прво не се откажа од Тиранската платформа, додека ВМРО-ДПМНЕ не се ни договорила за таа Тиранска платформа, вели Николовски.-Тој кажа дека треба да се промени химната, знамето, грбот и уставот на Република Македонија, имате Тиранска платформа во која што имате целосна дв