Реакциите по најавите на премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов за заедничко чествување на Илинден се уште не стивнуваат.Историчарот Слободан Ников вели историјата е многу јасна. Илинден е македонскиот код, Илинден 903 зародишот на македонска самостојна држава.
-Да го чествуваме овој празник заедно со соседна Бугарија е непочитување на сопствената историја, вели Ников.
Историчарот Ников се прашува што би се менувало во учебниците, кој дел би се редефинирал кога се е јасно.
-Остапки не смее да има, вели Ников , очекува во наредниот период поактивна улога на Институтот за историја.
Ников е дециден, историјата не е пиши бриши со цел да се искористи за дневна политика, историјата е јасна нема ниту еден факт кој говори дека Бугарија дала некаков придонес во македонскта борба и затоа нема основа за заедно празнување на симболот на македонштината, празникот Илинден.
Историчарот Слободан Ников вели историјата е многу јасна. Илинден е македонскиот код, Илинден 903 зародишот на македонска самостојна држава.