Кога обичниот граѓанин го следи она што го изјавува Заев сигурно си помислува „Овој човек не е од тука. Веројатно е од некоја друга планета“, анализира Ристо Никовски на ТВ Нова.Ова не е само почеток на таа негова реторика, се потсетува Никовски, започна на Косово, кога спомна дека сите Македонци треба да учат албански а не обратно.
-Пред десетина дена Тв 21, го прашаа зошто не го отвори случајот Монструм, кој беше најавуван повеќе пати, а тој рече дека не го објавил затоа што затоа што тоа се полувистини. Тоа ќе предизвикало незадоволство и нервози. Знаете дека полувистини се полу лаги. А што станува со другите бомби? Значи дека и тоа се полувистини со кои ги стресе темелите на оваа држава, вели Никовски.
На сета позната историја, додава тој, човек треба да биде идиот за да не може да ги разбере тие работи.
-И да одите со една таква теза во јавноста и тоа надвор од државата значи дека ги поткопувате историските фундаментални и темелите а оваа држава. Вие го рушите она што Македонците го граделе како народ. И сето она што се случува е де факто рушење на македонскиот карактер на државата. Не е можно на тој човек да не му е јасно што се случи во 2001 година, додава Никовски.
Таквите тези се негирање на една фундаментална вистина и за тоа мора да има тешки, длабоки и нечесни политички амбиции, смета Никовски.
Целото интервју погледнете го на следниот линк:Ова не е само почеток на таа негова реторика, се потсетува Никовски, започна на Косово, кога спомна дека сите Македонци треба да учат албанск