Nissan неодамна стана првиот современ производител на патнички автомобили, кој својот автомобил го обои со лак кој свети и во темница.Ова е прв пат возењето на „Паметниот автопат LEAF“ да се поврзе флуоресцентен автомобил. Локацијата на единствениот светлечки автопат на светот е прикладна, бидејќи Nissan објави дека продажбата на електрични автомобили во Холандија пораснала за 313 отсто.
Иновативниот проект за Паметен автопат, го смисли дизајнерот Дан Розегард, со цел да им овозможи на возачите полесно снаоѓање во мракот со истовремена заштеда на енергија која инаку би се потрошила на осветлување.
Делот од автопатот N329, кој е важна сообраќајна врска што поминува низ градот Ос – долг е 600 метри и е опремен со светлечки линии. Линиите ја впиваат дневната светлина, а ноќе светат 8 часа.
Пејсажот станува испреплетеност на светлина и информации. Како последица од тоа, зголемени се видливоста и безбедноста во сообраќајот.
„Светлечките линии на Паметниот автопат го заменија обичното улично осветлување за да се намали потрошувачката на електрична енергија. Возењето на првиот автомобил кој свети во мракот на нашиот пат е голема чест и ги одразува целите кои што сакаме да ги оствариме со нашиот проект“, изјави Розегард.
Светлечките ленти на автопатот се надополнети со иновативниот лак Nissan LEAF. Аеросолната смеса преку ден ги впива УВ зраците и останатите видливи зрачења и може да свети помеѓу осум до десет часа по заоѓањето на Сонцето.
Иако лаковите и фолиите за автомобилите кои светат во темница веќе се достапни, единствената боја која го впива ултравиолетовото зрачење е дел од тајната формула која е дизајнирана само за возилата на Nissan. Бојата содржи крут и редок земјен метал кој е без мирис – алуминат на стронциумот.
Минатата година, Nissan во Холандија продаде вкупно 1.619 електрични возила и со тоа оствари 95,3% од пазарниот удел во сегментот на комбиња кои возат на електричен погон.
Погледнете го видеото:Ова е прв пат возењето на „Паметниот автопат LEAF“ да се поврзе флуоресцентен автомобил. Локацијата на единствениот светлечки автопат н