Ништо нема да не скрши, мирно ќе протестираме се додека не го слушнат гласот на народот- порачаа кавадарчани

Протестен марш и вечерва се одржа во Кавадарци, а граѓаните порачаа дека се против т.н. тиранска платформа и се за зачувување на унитарноста на Република Македонија.– Од градскиот плоштад во Кавадарци повторно упатуваме порака дека ништо нема да не скрши и дека мирно ќе протестираме се додека не го слушнат гласот на народот. Ова се моменти кога Македонија повикува да ја одбраниме. Ова е четврти Илинден. Зарем во 21 век да се потклекне на некаква тиранска платформа?, нагласи историчарката Светлана Јосифова.
Таа потенцира дека доста е од неправди и укажувајќи оти народот дава мандат и народот го одзема.
Јосифова повика на сплотеност, заедништво, откажување од туѓата платформа, нови избори заедно со локалните и обединување на македонскиот народ, каде и да е.– Од градскиот плоштад во Кавадарци повторно упатуваме порака дека ништо нема да не скрши и дека мирно ќе протестираме се додека не го слушна

Пронајдете не на следниве мрежи: