Од почетокот на Like копчето на Facebook, многу корисници бараат воведување на dislike опција за оние ситуации кога некој шернува нешто што заслужува критика или пак за ситуациите кога некој ќе сподели трагичен настан.Сепак веројатно тоа нема наскоро да се случи, иако компанијата размислува за можни решенија за овој проблем.
Марк Закерберг вчера одговараше на прашањата на корисниците меѓу кои беше и тоа за воведувањето на dislike опцијата.
„Дел од корисниците ја бараат dislike опцијата за да го изразат своето негодување за некоја објавена содржина. Нема да го воведеме. Сметам дека тоа не би било добро за заедницата“ – изјави Mарк Закерберг.
Веројатно сте забележале дека е многу необично и непријатно да се лајка статус или некаква објава за трагични настани, а Закерберг зборуваше и за тој момент.
„Постојат моменти во животот на корисниците кога тие се чувствуваат тажно или трагично и сигурно не сакаат некој да им става лајкови на статусите. Разговараме за тој проблем и се трудиме да најдеме начини на кои луѓето ќе можат да изразат и други емоции под таквите објави“ – вели Закерберг.
Сепак веројатно тоа нема наскоро да се случи, иако компанијата размислува за можни решенија за овој проблем.
Марк Закерберг вчера одговараш