Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина!

Благодарејќи на последните политички настани на нашиот полуостров и географската положба на Македонија, денес таму се изнасобрани севозможни надворешни елементи … Треба значи да се собереме во една општа, моќна сила – сила народна, ако сакаме да ја сочуваме иднината на својата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој Македонец, каде и да се наоѓа тој.Лоза е списание на македонската емиграција во Бугарија, што се појавил во 1892 година во Софија како орган на Младата македонска книжевна дружина.
Списанието „Лоза“ се појавува откако во Солун пропаднал уште еден обид на Македонците за создавање на свој културен центар. Дел од соработниците на солунското списание „Книжици за прочит“ се преориентирале во кругот на „Лоза“. Меѓу нив се: Ѓорче Петров, Антон Поп Стоилов, Ефтим Спространов и други. Меѓу соработниците на „Лоза“ се и: Коста Шахов, Георги Баласчев, Петар Поп Арсов и други.
Уште во првиот број на „Лоза“, преку воведната статија е објавена програмата на Лозарите. Мотото на Софокле е ставено во почетокот на воведникот, и гласи:
Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина!
Повикувајќи се на големиот покоен Македонец, баронот Костадин Бели (непознат за нашата историографија), кој во 1838 година од Виена упатил јавен апел до своите Македонци, Редакцијата на списанието цитира еден голем пасус, кој го претставува текстот на тој апел. Потоа Редакцијата продолжува:
Благодарејќи на последните политички настани на нашиот полуостров и географската положба на Македонија, денес таму се изнасобрани севозможни надворешни елементи … Треба значи да се собереме во една општа, моќна сила – сила народна, ако сакаме да ја сочуваме иднината на својата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој Македонец, каде и да се наоѓа тој.Лоза е списание на македонската емиграција во Бугарија, што се појавил во 1892 година во Софија како орган на Младата македонска книжевна друж

Пронајдете не на следниве мрежи: