Ниту една маска на Заев нема да го излаже народот

Маските паѓаат ги гледаме пред нас, но од нас нема да се ослободат. Доста не’ лажете, нема да ви помине, црвено-жолтата линија нема да ја поминете,  порачаа вечерва од Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА пред Собранието.-Ниту една маска на Зоран Заев во голата борба за власт нема да ги излаже  граѓаните. Не се сите гласачи на СДСМ како нивниот лидер, кој качен на платформата за разнебитување на Македонија сака да ја води државата. Многуммина од нив се патриоти кои ја сакаат Македонија, исто како и сите ние и тие се се повеќе и повеќе, секој ден гледаат што се случува, јасно им е целото сценарио и не го поддржуваат антидржавниот план на Заев и “компањоните“, рече Богдан Илиевски.
Тој нагласи дека никој не смее да помисли ниту дека сите Албанци, или пак мнозинството Албанци се Зијадин Села или Месила Дода. Никој не смее да помисли дека сите Бугари се како пратениците Џамбаски и Ковачев, кои решија да го бришат македонското малцинство во Албанија. Никој не смее да помисли дека сите Срби размислуваат како политичарите од Србија кои нашата земја ја нарекуваат БЈРМ.
-Тоа не е така и сите добро го знаеме. Ние сме тука против омразата, ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Но, секој има одговрност пред овие историски моменти, секој од нас да ги посочи таквите неодговорни лица и нивните луди изјави, да ги осуди и да се дистанцира од нив. Секој човек, без разлика на политичката определба или етносот, има одговорност да застане против политичките поделби, политиките кои никогаш не носеле добро на Балканот. Секој човек треба тоа да го направи без страв, бидејќи помина времето на страв, помина времето кога можеа да не заплашуваат, помина времето кога им проаѓаа насилничките методи. Овде живее горд народ, силен народ, одлучен анрод, кој со исправена кичма кажува „Некои прашања не заслужуваат дебата“, туку јасен и гласен одговор, НЕ за платформи кои ја уништуваат земјата, ДА за македонска платформа која ќе ги брани интересите на сите жители на Македонија, НЕ за федерализација и двонационална држава, ДА за заедничка Македонија на сите граѓани кои живет во оваа земја. Доста не лажете, нема да ви помине, црвено-жолтата линија нема да ја поминете, рече Илиевски.
 -Ниту една маска на Зоран Заев во голата борба за власт нема да ги излаже  граѓаните. Не се сите гласачи на СДСМ како нивниот лидер, кој качен

Пронајдете не на следниве мрежи: