Нивото на водата во Слатинско Eзеро намалено е за десет сантиметри за неполни 24 часа, информира подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид.Како што јави порталот Ohridnews, вчера започнатата сложена операција за зголемување на капацитетот на испусниот канал на Слатинско Eзеро го дадоа очекуваниот ефект.Активностите во рамки на сложениот зафат за правење отвори во бетонската преливница на испусниот канал и понатаму се одвиваат, а во нивната реализација учествуваат екипа на специјализирана градежна компанија потпомогната од нуркачки тим на Дирекцијата за заштитата и спасување.Денеска екипите успеале да отворат и трет отвор, а се работи на уште еден. Секој од отворите е во должина од околу 2 метри, а широк триесетина сантиметри.Очекувањата се дека со забрзаното празнење на акумулацијата низ испусниот канал, ќе се намали притисокот врз оштетената земјена брана.За да се постигне посакуваниот ефект нивото на вода во акумулацијата треба да се намали за најмалку еден метар. Се дотогаш, велат стручните лица, опасноста да се урне оштетената земјена брана и натаму е голема.
МакфаксНивото на водата во Слатинско Eзеро намалено е за десет сантиметри за неполни 24 часа, информира подрачното одделение