Низа нелогичности јасно укажуваат и покажуваат дека анкетата која ја објави опозициската телевизија „Телма“, а според која наводно разликата помеѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ се намалувала е тежок фалсификат.Имено, доколку се соберат рејтинзите на партиите, како и процентите на неопределени гласачи, оние кои одбиваат да одговорат и се изјасниле дека нема да гласаат, тогаш не се доаѓа до 100 проценти, што јасно претставува дека анкетата е фингирана и тежок фалсификат.
Анкетата на Телма покажа дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 23,7 отсто, на СДСМ, 18,9%, ДУИ 6,2 отсто, ДПА 3,3%, БЕСА 1,2%, други партии 4,3 отсто. За неопределени се изјасниле 14,9 отсто, одбиле да одговорат 18,2 отсто и 8,5 отсто рекле дека нема да гласаат. Доколку се соберат сите овие проценти, се доаѓа до збирна бројка од 99,2 отсто, со што се открива аматерскиот обид на опозициската телевизија да манипулира со граѓаните на само неколку дена пред изборите.
Исто така, нелогичности има и доколку се соберат бројките во однос на делот на анкетата за која партија ќе гласате, според работниот статус.
Имено, доколку се соберат рејтинзите на партиите, како и процентите на неопределени гласачи, оние кои одбиваат да одговорат и се изјасниле дека нем