Зголемен буџет во образованието, изградени и реконструирани училишта, бесплатни учебници за учениците од основното и од средното образование, реконструкција на струденски домови и воведување на наставните програми „Кембриџ“, се дел од проектите во образованието реализирани изминативе години.Изминативе години во образованието се реализираа крупни проекти и големи инвестиции. Образованието е двигател на клучните процеси во едно општество и затоа ние во зголемена мера инвестиравме во него, рече при отчетот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Се работи за сфера која беше исклучително запуштена и затоа ни требаа големи чекори напред. Буџетот во образование го зголемивме за 72,3%. Веќе седма година по ред спроведуваме концепт на бесплатно образование – односно бесплатни учебници за сите ученици во основно и средно образование, за што досега се вложени повеќе од 40 милиони евра. Овој концепт ќе продолжи да се спроведува и понатаму. Обезбедивме и бесплатен превоз за учениците коишто посетуваат училишта кои се оддалечени повеќе од 2,5 километри од нивните домови. Воведовме наставни програми Кембриџ во Македонија. Тоа донесе еден нов квалитет, рече Груевски.
Досега се изградени 74 нови училишта, а околу 400 темелно се реконструирани.
-Тоа во средства изнесува 50 милиони евра инвестирани за подобрување на инфраструктурата во образованието. Инвестиција која што не може ни да се спореди со тоа што било порано бидејќи не се памти кога било пред 2006-та година изградено последното училиште. Кога говориме за периодот што следува, оваа година ќе завршиме со изградба на две нови училишта, планираме отпочнување на 6 нови училишта кои заедно на терен ги имаме најавено и ветено на граѓаните, а исто така 60 училишта ќе бидат темелно реконструирани. 20 се веќе завршени, 20 се во фаза на реконструкција, а уште 20 во летниот период, рече заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на промоцијата на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ.
Досега се изградени 51 училишна спортска сала, а годинава ќе бидат завршени девет и ќе започне изградбата на исто толку спортски сали.
Изминативе години се зголемени и ученичките и студенските стипендии.
-Годинава во буџетот на Министерството за образование и наука се обезбедени вкупно 688 милиони денари за исплата на ученички и студентски стипендии што е повеќе од 11 милиони евра, за споредба во 2005 година, истакна Елизабета Тодороска, државен секретар во Министерството за образование и наука.
Учениците и родителите задоволни
Учениците добија современи, модерни и практични услови во кои посетуваат настава. Спортуваат на нови игралишта по европски стандарди, имаат бесплатни учебници, слободен билет за автобус, нови наставни програми, компјутери….
Родителите се задоволни од условите кои се создадени за нивните деца да се стекнат со квалитетно образование, но за нив се многу важни и заштедите кои остануваат во семејството.
Покрај многуте спроведени, постојано се најавуваат и нови проекти за учениците. Низа добробити за средношколците и студентите изминатиов период почнаа да се спроведуваат, а најавени се и доста важни работи за нив.
Младите задоволни, го поздравуваат мерките кои беа провомирани во изминатиот период.
-Најмногу од сите проекти ми се допаѓа за 100-те вработувања на најдобрите студенти на додипломски студии. Тоа е одлична можност за градење на нашата кариера и за вработување нормално и одличен стимул за наредните студенти да постигнат што поголем успех.
-По мое мислење најдобри се проектите за студентите, бидејќи ни овозможија бесплатен јавен превоз, како и реновирање на студентските домови, исто така и пералните во студентските домови.
-Мене најмногу ми се допадна тоа што од другата година, односно од 2017/2018 година, сите студенти што доаѓаат од социјално загрозени семејства, односно кои што имаат месечен приход под просечната плата ќе бидат со 200 евра партиципација на годишно ниво.
-Мерките се одлични и очекувани. Обезбеден е бесплатен превоз на сите линии во сите денови од неделата. Исто така ми се допаѓа и проектот еден клик. Ова се преокти кои нас како студенти најмногу ни се потребни.
-Мене најмногу ми се допаѓа мерката за префрлување од приватна во државна квота и ќе им се овозможи на студентите кои ќе имаат просек од 8,5 да им се намали партиципацијата за 50 проценти, односно да плаќаат 50 отсто помалце.
-Да, ги разгледав новите мерки и многу ми се допаѓаат сите ама како најдобра би ја кажал таа што се дава на најдобрите студенти, можност да патуваат во некоја од европските метрополи на пример Барселона и Париз и таму им се покриваат трошоците за патот. Мислам дека тоа е многу добра стимулација за младите да учат за да може да прошетаа.
-Мене ми се допаѓаат сите мерки за студентите и за младите. Јас би ја истакнал како најдобра мерката за вработување на 100 млади луѓе.Изминативе години во образованието се реализираа крупни проекти и големи инвестиции. Образованието е двигател на клучните процеси во едно општ