Њујорк прогласи вонредна состојба поради грипот

 Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк Ендрју Куомо прогласи вонредна состојба поради епидемијата на грип, која погоди над 19.000 лица и ги овласти докторите да ги дели бебињата и децата.Вонредната мерка што ја презеде Куомо е поради тоа што епидемијата се прошири на територијата на целата сојузна држава, а се очекува да трае уште неколку недели.Најмалку 28.727 случаи на грип се регистрирани оваа сезона во САД, а 20 деца починале од болеста, соопшти Сојузниот центар за надзор и превенција од болести. Се верува дека бројката на заболени е многу поголема, бидејќи многу пациенти не се обраќаат за лекарска помош.„Станува збор за најлоша епидемија, во најмала рака од 2009 година, а вирусот е активен на целата територија на Њујорк“, се вели во соопштението на гувернерот Куомо.
 
Макфкас Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк Ендрју Куомо прогласи вонредн

Пронајдете не на следниве мрежи: