Њујорк се подготвува за најголемата бура во историјата

Потенцијално опасната бура која им се заканува на САД може да донесе  и до 100 сантиметри снег на североисточниот брег. Подрачјето што може да биде погодено од бурата се простора од Њу Џерси до Мајн на север. Предупредувањето за снежната бура се однесува на 400 километри долгиот брег и ги вклучува Њујорк и Бостон.
Метеоролозите предвидуваат големи снежни наноси, силен ветер, дури и поплави. Времето би требало да се стабилизира во средина на оваа седмица. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјави дека граѓаните не смеат да ја потценат снежната бура.
– Ова може да биде најголема бура во историјата на нашиот град. Нѐ очекува снег во висина до еден метар. Приспособете се на состојбата и откажете ги патувањата што е можно обрзо – им препорача градоначалникот на Њујорк.
За Бостон се најавени врнежи од снег до 60 сантиметри, а метеоролозите очекуваат дека и Филаделфија ќе ја зафати овој бран.Подрачјето што може да биде погодено од бурата се простора од Њу Џерси до Мајн на север. Предупредувањето за снежната бура се однесува на 400

Пронајдете не на следниве мрежи: