Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија имаат чест да ве известат дека во рамките на ноемврискиот кино-клуб премиерно ќе биде прикажан филмот „Љубовта е совршено злосторство“.Трилерот „Љубовта е совршено злосторство“ на браќата Жан-Мари и Арно Ларје, од 213 година, со Матје Амалрик, Карин Вијар и Мајвен во главните улоги, ќе биде прикажан на 7 ноември, петок, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија.
Филмот е со превод на македонски јазик. Филмската критика за екранизацијата на романот „Случајности“ на францускиот автор Филип Џијан, ќе рече дека се работи за „синтеза до совршенство на севкупноста на делото на браќата Ларје“ (Лез Енрок, еден од најтиражните актуелни француски магазини), потоа „во срцето на режисерската уметност на браќата Ларје е прецизноста и елеганцијата, одлично вклопени во еден идиличен зимски декор“ (дневникот „Либерасјон“). Филмот е опишан и како како „невообичаен и софистициран трилер“ („Уест Франс“) и како „мистичен и ѓаволски добар“ (Ла Кроа).Трилерот „Љубовта е совршено злосторство“ на браќата Жан-Мари и Арно Ларје, од 213 година, со Матје Амалрик, Карин Вијар и Мајвен во гл