Францускиот институт во Скопје има чест да ве покани на второто по ред издание на Ноќта на идеите во Скопје, во рамките на кое ќе гостува еминентниот француски професор и научник Жил Беф.По успехот постигнат во 2016, Францускиот институт во Париз повторно ја организира Ноќта на идеите на 26 јануари на тема „Светот во заедништво“. Се работи за меѓународен настан, една значајна средба посветена на современата мисла и на споделувањето на идеите на светско ниво. Францускиот институт во Скопје во текот на 2017 година ќе организира дебати и средби на четири значајни теми од кои првата средба ќе биде на тема улогата на науката, и токму во рамките на Ноќта на идеите.В четврток, 26 јануари 2017 година, со почеток во 19 часот, во ЕУ инфо центарот, на тема „Улогата на науката денес“, предавање ќе одржи г-дин Жил Беф, професор на универзитетот Пјер и Марија Кири во Париз и на Колеж де Франс и експерт по физиологија на животната средина и биодиверзитет. Воедно, со свое излагање ќе настапи и г-дин Јордан Шишовски, доцент на Институтот за општествени и хуманистички науки.По успехот постигнат во 2016, Францускиот институт во Париз повторно ја организира Ноќта на идеите на 26 јануари на тема „Свет
Пронајдете не на следниве мрежи: