НОКАУТ СО ВИДЕО ЗАПИС И КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА

Со филмска приказна во која се раскажани најголемите таги и радости во животот на еден човек, новата песна на „Нокаут“, „Запомни тоа е се што имаме“, беше заокружена со видеоспот. За идеата, концептот и целата реализација на спотот се погрижи тимот на „Горила продукција“, на чело со режисерот Владимир Дади Ивановски.
 
Песната која беше промовирана неодамна и веднаш стана хит ќе биде дел од албумот на кој бендот полека, но сигурно работи и кој наскоро ќе биде  издаден. Дотогаш, по последниот концерт во Битола, кој беше еден од најголемите настани минатото  лето, „Нокаут“ повторно ќе ги распевааат и разигрувааат битолчани.

Покрај старите добро познати  хитови, на Ракометното игралиште во Битола, во среда, 10-ти јули, ќе се пеат и новите песни и  проекти. Концертот, кој е дел од досега најдолгото и најсодржајно битолско културно лето „Бит Фест 2013“,  ќе започне во 22 часот, а организаторите „Горила продукција“ на барање на момците од „Нокаут“  ја обезбедија и домашна поддршка од битолските бендови „Паркети“ и „Промашена инвестиција 3,14“. Картите во препродажба може да се најдат по промотивна цена од 100 денари во „Тобако Брадерс“, „Пица Буре“ и продажните места на „Бит Фест 2013“. На врата картите ќе чинат 200 денари.Со филмска приказна во која се раскажани најголемите таги и радости во животот на еден човек, новата песна на

Пронајдете не на следниве мрежи: