Најголемата бајкерска група од Русија „Ноќни волци“, која помеѓу останатото е позната и по пријателството со рускиот претседател Владимир Путин, ја почнува својата турнеја под името „Словенски свет 2016“ во рамки на која ќе ја посетат и Македонија.Во маршот кој го нарекуваат и „јакнење на дијалогот помеѓу словенските народи“ ќе посетат 12 земји, меѓу кои и Србија, Македонија, Црна Гора и Бугарија.
Генералниот шеф на руската мото туристичка организација Евгениј Стронгов појаснил дека турнејата се планира во наредните шест месеци, со цел јакнење на соработката меѓу Русија и земјите од словенско потекло.
„Сакаме да ги поврземе православните земји од словенскиот свет. На Балканот ја имаме Србија, Бугарија, Црна Гора, Македонија и мислам дека таму може да се чуствуваме како дома“, рекол за бугарското национално радио Строгов.
„Ноќните волци“ инаку ги предводи Александар Залдонстанов, кој го викаат „Хирург“, а бајкерската група постои од 1980 година, кога е основан како клуб на љубители на мотоцикли и рокенрол.Во маршот кој го нарекуваат и „јакнење на дијалогот помеѓу словенските народи“ ќе посетат 12 земји, меѓу кои и Србија, Македонија, Црна