Американскиот претседател Барак Обама честитајќи ѝ ја на косовската претседателка Атифете Јахјага петгодишнината од косовската независност рече дека жителите на Косово и сите граѓани во регионот би имале полза од нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград, пренесуваат косовските медиуми во средата,
Албанските власти во Приштина на 17-ти февруари 2008 година со поддршка на САД и повеќето земји до Европската унија еднострано прогласи независност од Србија чија покраина беше претходно, којашто ја оспорува Белград. Американскиот претседател Барак Обама во честитката до својата косовска колешка Атифете Јахјага ја споменува и енодамна укинатата надгледувана независност.
„Годината што измина беше посебно важна за Косово. Вашата земја остварил историски напредок, ја заврши надгледуваната независност и стана членка на Европската банка за обнова и развој“, се вели во писмото на Обама што го цитираат медиумите во Приштина.
„Покрај тоа, остварен е и напредок и во дијалогот со Србија кој се приближи на нормализација на односите од што полза ќе имаат сите граѓани на Косово, соседните земји и целиот регион“, се додава во пораката на Обама.
САД се горди со косовскиот пријател и партнер кој останува посветен на заедничката цел Косово да го стекне заслуженото место со европските демократски и напредна иднина, истакнува американскиот претседател.
МакфаксАмериканскиот претседател Барак Обама чести