Норвежаните разочарани: На Арктикот нема нафта

Норвешката нафтена група “Статоил” соопштила денес дека “се разочарувачки” резултатите од истражувачкото бушење во областа Корпфјел на Арктикот, за која експертите мислат дека можеби ќе биде најголемото наоѓалиште на нафта на Земјата.Првиот тест покажал само мали количини на природен гас, “кои не се доволни за комерцијален развој”, навеле од “Статоил”, пренесува France Presse. 
Корпфјел се наоаѓа на најсеверниот блок на Норвешка, кој секогаш е отворен за истражување на нафта, во југоисточниот дел на Баренцовото море, а Статоил планира истражувањата да ги продолжи следната година. Тоа подрачје долго било предмет на спор меѓу Русија и Норвешка и отворено е само за истражување на нафта откако двете земји постигнале договор за поморска граница во 2010. година.

Активистите за заштита на животната средина жестоко протестирале против истражувањето во тој регион, поради загриженоста за богатиот, но кревок еко-систем. Тие исто така стравуваат дека активностите со бушењето се премногу блиску до морскиот лед и премногу оддлачени од инфраструктурата на копно, доколку дојде до несакани ситуации за кои е потребна итна реакција.
 
“Резултатите се разочарувачки, но прерано е да се извлечат било какви заклучоци”, рекол Џез Аверти, раководител на истражувањето.
“Статоил” сепак планира да продолжи со остражувањето во југоисточниот дел на Баренцовото море до 2018. година, вклучувајќи и бушење на друг “бунар” во Корпфјел.Првиот тест покажал само мали количини на природен гас, “кои не се доволни за комерцијален развој”, навеле од “Статоил”, пренесува France Pres

Пронајдете не на следниве мрежи: