Шкотскиот голфер Алистер Форсит се одлучил да продолжи со игра и покрај тоа што носачот на палки му умрел пред очи. Инцидентот се случил на Мадеира Опен турнирот во Португалија.Иан Мек Грегор (48) едноставно паднал на теренот. Кога дошла брзата помош, лекарите се обиделе да го реанимираат но не успеале. Од организацискиот одбор на турнирот одобриле играта да продолжи и покрај трагедијата на теренот.
Форзит раскажува како го познавал Иан повеќе од 15 години и дека отј би сакал да продолжат со играта.
Други голфери пак одлуката да се продолжи со играта ја оценија како срамна. Шведскиот голфер Жоел Шухолм изјави дека просто не може да верува колку се бесчувствителни организаторите.
Од организацискиот одбор на турнирот се правдаат дека одлуката ја донеле заеднички и дека одржале едноминутно молчење за Иан. Турнирот сепак продолжил до крај, а победил англичанецот Даниел Брукс.Иан Мек Грегор (48) едноставно паднал на теренот. Кога дошла брзата помош, лекарите се обиделе да го реанимираат но не успеале. Од