Корејските истражувачи развија мрежа која би ја опишале како Wi-Fi за електрична енергија, со која може да се полнат гаџети на оддалеченост до пет метри.Да, веќе постојат различни стандарди за безжично полнење (Qi), но се полни со недостатоци. Еден од нив е секако и оддалеченоста од полначите. Тимот истражувачи од Корејскиот Институт за напредна наука и технологија (KAIST) верува дека проблемот е решен, а со нивниот систем е совладана препреката на оддалеченоста. Баш како и вообичаените системи кои користат индукција (Qi или PMA), новиот систем се базира на два вида намотки кои служат за примање и праќање.
Сепак, новиот систем користи и механизам наречен DCRS (Dipole Coil Resonant System)посебно развиен за отстранување препрека која се појавила кај CMRS системот за безжично полнење на MIT, кој бил во состојба да полни уреди на растојание од 2,1 метри уште во 2007 годиа, но бил комплициран и крајно неефикасен.
повеќе на:GSM.mkДа, веќе постојат различни стандарди за безжично полнење (Qi), но се полни со недостатоци. Еден од нив е секако и оддалеченоста од полначите.