Во скопската општина Сопиште денеска беше отворен приватен дом за згрижување на стари лица со капацитет од 40 лица, со поддршка на грант од Владата на РМ.Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, кој присуствуваше на отворањето на старскиот дом, истакна дека мерките коишто ги воведе Владата со цел зголемување на бројот на домови за згрижување на стари лица, како и капацитетот за згрижување на стари лица даваат резултат.
– Ние сме задоволни со постигнатото изминатите неколку години. Поволната цена за градежно неизградено земјиште од едно евро метар квадаратен, намалените комунални давачки за изградба на објекти, секако, најновата мерка грант неповратни средства од 12 илјади евра за отворање на приватен дом за стари лица го дадоа својот резултат, рече Спасов.
За новоотворениот дом за згрижување на стари лица „Сончев дом Тодоровски“ рече дека е 22 по ред, има капацитет за згрижување на 40 стари лица и во него се отворени десет работни места. Почетната инвестиција, како што кажа Спасов, е од околу 300 илјади евра.
– Владата на РМ помогна во отворањето на овој приватен дом за стари лица со грант од 12 илјади евра. Исто така инвеститорот искористи дел од поволностите односно плати комунални такси за изградба на овој објект намалени за 95 проценти, рече тој.
Според Спасов во фаза на регистрација се околу шест нови приватни домови за стари лица. Конкуренцијата, рече тој, ќе влијае на намалување на цените и континуирано зголемување на квалитетот на услугите. Најави понатамошно продолжување на поддршката на приватните инвеститори.
Интенција и заложба на Владата е да продолжи со зголемување на капацитетите на домовите за стари лица и тоа во два сегменти.
– Најпрво поттикнувајќи ги приватните инвеститори да вложат, да инвестираат во отворање на нови приватни домови за стари лица и тука имаме одличен напредок. И вториот дел во изградба и отворање на државен дом за стари лица за оние коишто се со пониски примања или пак се материјално необезбедени стари лица којшто го промовиравме пред неколку месеци којшто е во фаза на реализаијца, за којшто веќе имаме изработено проект на документација, рече дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика.
Ваков државен дом за стари лица е планирано да се гради во општина Гази Баба. Овој објект во првата фаза ќе биде со 170 легла. Очекувањата, според Спасов, се дека кон крајот на оваа или почетокот на наредната година ќе се распише јавната набавка за изградба на овој државен дом за стари лица со ниски примања.
Во Општина Сопиште досега се отворени три домови за згрижување стари лица и, според градоначалникот на Сопиште Стефче Трпковски, се уште има простор и капацитет за дополнителни инвестиции за изградба на нови.Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, кој присуствуваше на отворањето на старскиот дом, истакна дека мерките ко