Во последно време сè почесто на друштвените мрежи, особено на најпопуларната Фејсбук, се појавуваат секакви предизвици во кои корисниците се повикуваат едни со други за да земат учество, а кои сè почесто умеат да бидат и исклучително опасни.Најновиот предизвик кој се шири на Facebook мрежата е именуван како „#paracetamolchallege“ и наводно ги поттикнува децата да земаат колку што е можно поголемо количество од овој лек. Но овој предизвик може да биде потенцијално смртоносен!
Максималната доза од парацетамол за возрасни е осум таблети од 500мг парацетамол (acetaminophen) на ден, што претставува вкупно 4 грама, а ако се пие алкохол, дозволен е само еден грам.
Кај децата дозата е значајно помала. Спас има само ако на време се прими acetylcysteine, но детето мора веднаш да се одведе во болница. Во спротивно, умирањето е долго и бавно и во најголеми маки, бидејќи црниот дроб буквално се распаѓа жив!
Парацетамолот кај нас се продава во повеќе верзии, а присутен е и во лековите кои се користат против настинки како што е фервекс, кафетин, ефералган и слични.
Веста за овој вид на предизвик се рашири откако еден тинејџер од Шкотска завршил во болница, но за жал тоа не е единствениот забележан случај до сега.
We've heard about the #paracetamolchallenge. DONT get involved in this. It causes liver & kidney failure…and death pic.twitter.com/lTsM13vaYM
— CoatbridgePolice (@CoatbridgePol) May 5, 2015
Најновиот предизвик кој се шири на Facebook мрежата е именуван како „#paracetamolchallege“ и наводно ги поттикнува децата да земаат кол