Нов креативен бран во градот: Фестивал за креативни индустрии „Скопје Креатива 2015“. Скопје – мојот град!

На денешната прес конференција која се одржа на Плаја Вистабеше најавено отворањето на четвртиот Фестивал за креативни индустрии – Скопје Креатива 2015 кој ќе се одржи од 16 до 20 септември на Плаја Виста.Под мотото „Скопје – мојот град!“ во петте фестивалски денови ќе се одржат презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми/дебати. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настани од сите креативни области – моден, индустриски и графички дизајн, како и филмски и видео перформанси, мултимедијални содржини, перформанси, маркетирање на креативци, додека во вечерните часови ќе може да уживаат во специјално одбраната музичка програма идеално дозирана за сечиј вкус. Скопје Kреатива не ги заборава и најмалите – работилници за развивање на креативноста кај дечињата се дел од богатата програма.
Фестивалот за креативни индустрии Скопје Креатива 2015 нуди иновативен концепт на културната сцена со различен пристап во размената на искуство, кој значи поттик за младите креативци и креативните индустрии.
Во остварување на овие цели свој придонес има и Градот Скопје:
„Градот Скопје во својата програмска определба последните 4 години се насочува кон сé поголема поддршка и иницирање на нови активности за развој и поттикнување на креативните индустрии, меѓу кои секако големо место зазема и организирањето на фестивалот „Скопје креатива“. Програмата на Град Скопје за развој на креативните индустрии опфаќа активности, чијашто цел е да се поттикне индивидуалната креативност, вештина и талент, а чиишто потенцијали и производи може да создадат економска придобивка“ – изјави Марјанчо Тодоровски – секретар на Град Скопје. Во 60-те настани, колку што ќе понуди овогодинешното издание на Скопје креатива публиката ќе има можност да биде дел од работилници на македонските креативци Марија Ветероска, Ласко Џуровски, маркетинг агенцијата Меккен, Сивус Едукативен и Развоен центар, Пакомак, оригиналниот проект за интервенции во јавен простор „Облици и форми“од Полска, еден од најголемите дизајн таленти Јан Бајтлик, како и регионалните лидери во дизајнот и маркетингот како Борут Вилд, Марко Миладиновиќ и Драган Варагиќ. Работилнците и презентациите ќе бидат надополнети со 11 изложби, меѓу другите престижната колекција на њујоршката Школа за визуални уметности која се состои од дела на Стефан Загмајстер, Милтон Глејзер, Мирко Илиќ, изложбите на логоа од Костадин Танчев Динка и Институтот за мода на Изет Цури, изложбата на инстаграм фотографии за Скопје. На фестивалот ќе се претстават и проектот „Недела на архитектурата – Тирана“, „Пактивити“ од Белград, македонските проекти „Творница“, „Доминуим“, „New Vintage“, полската школа за анимација и ОХО продукцијата. Дополнително Скопје креатива 2015 ќе понуди посебен концепт на Поп-ап стор, презентација на портфолиа со меѓународно жири,a музичката програма ќе биде предводена од одличните ПМЏ колектив, Канда Коџа и Небојша, DJ Зоки Бејбе.
Почнувајќи од 2011 Фестивалот за креативни уметности учествува активно во промоцијата на младите креативци во земјава и надвор од неа, како и во напорите за издигнување на овој фестивал како проект од регионален карактер. Тања Балаќ, раководителот на Секторот за култура на Град Скопје, посочи: „Скопје креатива полека гради позиција на проект кој е одособено значаење за младите македонски креативци, преку кој им се нуди одлична шанса за промоција, што е едно од главните приоритети за нас – организаторите. Значително проширување на програмата со учесници и проекти од странство придодава меѓународен карактер, што е исто така цел на која и посветуваме големо внимание. Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на уште еден одличен фестивал“.
Лазе Трипков, програмскиот директор на Скопје Креатива 2015, посочи дека ова ќе биде поинакво доживување од останатите слични проекти и додаде: „Пред нас се 60. активности од сите креативни сектори подеднакво – уникатни изложби, презентации, работилници, проекции,перформанси и одлична музичка програма. Долопнително ги поканивме образовните институци и бизнис секторот директно да соработуваат, за што сведок е програмата. На Скопје креатива 2015 ни гостуваат домашни и странски гости и проекти од 10тина земји, а дента на затворањето сите производи креирани на фестивалот ќе бидат дел од голема групна изложба.“
Утрешното отворање на Плаја Виста(веднаш до лизгалиштето Кале) во 20.00 часот ќе вклучува презентација на 10 изложби, дружење со гостите и учесниците, а свој настап ќе имаат ПМЏ колектив и DJ Зоки бејбе.
Целосната програма може да се погледне на следнава адреса: https://skopjekreativa.mk/wp- content/uploads/2015/09/SKK15-programa.pdfПод мотото „Скопје – мојот град!“ во петте фестивалски денови ќе се одржат презентации, предавања, работилници, панел дискусии, ф

Пронајдете не на следниве мрежи: