вторник, 24 ноември 2026
Најново

Нов лик за центарот за култура во Кочани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со буџетски средства на Министерството за култура ќе започне реконструкцијата на зградата на националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани.
 
Градежните работи ќе се реализираат во два дела. Во првата фаза ќе се реконструира дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е граден во далечната 1950 година.
– Обновата на Центарот ја очекуваме со големо нетрпение бидејќи ќе бидат создадени услови за подобри активности на ансамблите и групите кои работат во Центарот. Паралелно со ова продолжуваме со реализирацијата на програмата која во најголем дел е прифатена од страна на Министертсвото за култура на РМ. Во рамките на ликовната дејност ќе се реализираат неколку изложби на ликовни колонии низ Македонија, како и две самостојни изложби на ликовните творци Марија Мицова Гацева и Ивана Младеновска, изјави Кристина Атанасова Арсова, директорка на Центарот во Кочани.
Во рамките на драмската дејност ќе биде работена преставата „Алиса во земјата на чудата“ во режија на Кристина Атанасова Арсова, а во кореографија на Андријана Андреевска. Тоа ќе биде балетско-театарска престава за деца, истакнува Атанасова Арсова.
Во делот на фолклорната дејност Министерството и годинава ќе ја финансира работата на фолклорниот ансамбл „Мугри“, како и на одржувањето на меѓународната културна манифестација „Петровденски конаци“ која годинава ќе се реализира по 11-ти пат.
Инаку минатата година НУ Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани реализираше вкупно 90 културни манифестации од различлни области. 

Градежните работи ќе се реализираат во два дела. Во првата фаза ќе се реконструира дрвенаријата и фасадата на Центарот, а

Поврзани вести