Нов масакр во воена база во САД!

Нов масакр во воена база во САД- 4 убиени и 16 ранети.Нападот го извршил 34 годишниот војник Иван Лопез со непознато оружје. Не се знаат ниту неговите мотиви за масакрот. Лопез наводно на крајот сам си го одзел животот. 

Пукотницата започнала во болничкиот центар што е во склоп на базата, кој веднаш бил блокиран, по што веднаш е покрената потера по напаѓачот со сите расположиви сили меѓу кои и бројни специјалци и агенти на ФБИ. 
– Сите следиме внимателно. Ситуацијата се менува од час во час. Само сакам да укажам дека до детал ќе дознаеме што точно се случило. Срцето ни се крши кога слушаме дека повторно се случило нешто вакво, изјави американскиот претседател Барак Обама неколку часа по ужасниот чин.

Во Форт Худ во 2009 година исто така се случи тежок инцидент кога воениот психијатар Нидал Малик Хаса уби 13 а рани триесетина луѓе. Тоа беше најкрвавиот масакр од ваков тим во некоја воена институција во САД. Напаѓачот тврдеше дека го сторил делото за да ги заштити талибанците од американските војници во Авганистан. Судот го осуди на смрт, но пресудата уште не е извршена.

 
Нападот го извршил 34 годишниот војник Иван Лопез со непознато оружје. Не се знаат ниту неговите мотиви за масакрот. Лопез наводно на крајот сам си

Пронајдете не на следниве мрежи: