Денес ќе објавам нов проект за земјоделците и за земјоделието во Македонија наречен „Агро бизнис зона Македонија“. Ова подразбира интегрирана зона во која на едно место ќе бидат застапени и сконцентрирани складишните центри, трговци и компании, како и други претставници на синџирот на набавки на свежи и преработени земјоделски производи, се разбира на доброволна база, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање.Груевски рече дека „Агро бизнис зона Македонија“ ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство на Република Македонија и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи во и надвор од државата.
-Главни бизнис активности што ќе се нудат во Агро бизнис зоната ќе бидат калибрирање, пакување и разладување, определување на цената на берза, утовар и дистрибуција и се разбира, купопродажба. Македонија ќе добие интегриран систем на земјоделското производство, што ќе го намали бројот на учесници во синџирот на набавки, а со самото тоа ќе овозможи и поволна цена за земјоделските производи, но и механизам за воспоставување на фер цена и амортизација на ценовните шокови во период на пазарни вишоци, рече Груевски.
Од суштинска важност е што на едно место, рече тој, ќе се разберат производителите и купувачите во поголем број, а со тоа се зголемува и потенцијалот за достигнување на конкурентни пазарни цени.
-Можноста за договарање и рушење на цените се сведува на минимум, бидејќи конкуренцијата ќе биде многу голема и концентрирана на едно место, а тоа е исклучително важно за производителите и она што претставува сериозен предизвик со децении наназад, рече Груевски.Груевски рече дека „Агро бизнис зона Македонија“ ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство на Република Македонија и нег