четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нов паметен кондом за подобар секс

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Британската компанија го претставила уредот кој ги мери сите аспекти на сексуалниот чин и открива полови болести. На пазарот е пуштен “i.Con”, првиот паметен кондом.Целта на овој уред е да собира податоци за сексуалните односи, нивна споредба и помош за клиентите да бидат подобри во кревет.
Поголема забава
“Паметниот кондом пристигна и одличен е. Сакавме i.con да биде префинет, лесен и да не биде наметлив – и конечниот производ е сето тоа. Многу технологии се спакувани во овој уред, и тој ќе ги мери речиси сите аспекти во спалната соба”, рекол Адам Леверсон, главен инженер на компанијата “British Condoms”. 
Што мери кондомот?– Должината на сексуалниот однос
– Брзината на пенетрацијата
– Потрошени калории
– Сексуални позиции
– Постоење на полови болести
– Просечна температура на кожата
Самиот уред не личи на кондом, туку на гумено ластиче кое се става на дното на машкиот полов орган, а преку обичен кондом.

“Ова е следниот чекор во технологијата, а веруваме и пионерски уред кој не само што ќе внесе повеќе забава во вашата спална соба, туку ќе помогне и во откривање на полови болести. Покрај тоа, ќе помогне и во спречување на паѓањето на кондомот при сексуалниот однос, што е главна причина за несакани бремености во Британија”, вели Џон Симонс, портпарол на компанијата.
Голема побарувачкаКако што се наведува, за купување на овој паметен сексуален уред, кој чини 80 долари и има гаранција од една година, веќе се регистрирале 96.000 луѓе. Целта на овој уред е да собира податоци за сексуалните односи, нивна споредба и помош за клиентите да бидат подобри во кревет.
Поголема заб

Поврзани вести