Нов почеток или одмазда: Еве што жените прават по разводот

Голем број брачни парови во Велика Британија кои ќе се одлучат за развод решение бараат во пластичната хирургија. Физичките промени се гледаат како подготовки за свеж почеток, но и како чин на освета кон  поранешниот партнер.Адвокати кои биле вклучени во бракоразводни парници  забележале дека голем број жени по разводот трошат огромна сума пари на операции  за зголемување на градите или липосукција.
Адвокатска фирма  од Манчестер, која годишно води  неколку илјади бракоразводни парници, соопштила дека  во последните три години пет до  десет проценти од нивните клиенти имале некаков облик на пластична операција.
Операциите по разводот станале толку популарни што клиентите секогаш  ги имаат во предвид кога се согласуваат на финансиска спогодба. Луѓето кои се впуштаат во  бракоразводни парници се трудат пред разводот да потрошат  што повеќе пари , за тие да не завршат на сметка на другата страна.
Кога ќе се тргнат настрана овие финансиски причини, одреден број жени одат на липосукција или третман со боток за да ја вратат самодовербата. На разводот се гледа и како на знак дека дошло време за голема физичка трансформација.
Жените кои одат на зголемување на градите најчесто бираат  величина која никако не би им се допаднала на поранешниот сопруг. Тие на ум имаат други мажи  кои мораат да обрнат внимание на нив.Адвокати кои биле вклучени во бракоразводни парници  забележале дека голем број жени по разводот трошат огромна сума пари на операции  за

Пронајдете не на следниве мрежи: