Сушењето на косата кај жените првенствено бара време, но, исто така, добра доза на енергија. Тоа најдобро го знаат оние дами кои имаат долга коса и кои секој пат, кога ќе ја измијат, поминуваат и по половина час со фенот во рака. Меѓутоа, пристигна фантастично решение. Компанијата Вајт Сендс создаде хауба за сушење на коса, која овозможува да ја исушите косата без да го држите фенот во рака, а оттаму и без замор. Можебиа звучи неверојатно, но се работи за пронајдок кој, според многу корисници, навистина функционира.
Овој шашав, но секако фантастичен изум ви овозможува да ја исушите косата, без да го држите фенот во рацете цело време. Се што треба да направите е т.н. хауба за коса, која има футуристички металик изглед, да ја ставите на главата, да го приклучите на фенот и ја оставате сама да се исуши додека вие гледате телевизија, го мешате ручекот или правите нешто друго.
Овој производ е направен од мек материјал кој може да се превиткува и да го носите со вас каде и да одите. Дизајниран е така што рамномерно ја распоредува топлината и го суши секој дел од косата. Одговара на секој тип на фен и секој облик на главата. Компанијата Вајт Сендс создаде хауба за сушење на коса, која овозможува да ја исушите косата без да го држите фенот во рака, а оттаму и без замор.
Пронајдете не на следниве мрежи:



