НОВ ПРЕДМЕТ НА ФАКУЛТЕТИТЕ : Губење време на Интернет!

Од следниот семестар на Универзитетот во Пенсилванија, студентите ќе можат да влезат на предавање, да ги извадат своите лаптопи, смартфони, таблети и да седат три часа, правејќи го тоа што го го прават најчесто: губење време на Интернет!Новиот предмет на факултетот „Ivy League“ се обидува да ја острани стигмата со активности, која милиони луѓе ширум светот ја објавуваат секојдневно и истражува како нашите мисли функционираат додека потполно бесцелно „сурфаме“ на Интернет.
„Уморен сум од тоа да читам стаии и текстови кои прават да се чувствувам лошо затоа што поминувам многу време на Интернет“, вели Кенет Голдсмит, поет и професор по овој предмет.
„Мислам дека не е вистина кога велат дека Интернет не прави поглупави. Интернет не прави попаметни. Во дигиталната доба, се разви сосема нов морал околу срамот и вината“.
Неговите студенти ќе истражуваат што точно значи губењето на време. Дали е тоа само читање на постови на некои форуми и коментари на текстови? Дали четувањето со пријателите е губење на време или пак гледањето видеа на Јутјуб? Дали свесно или несвесно може да ги разликуваме нештата на Интернет, кои би можеле да послужат за некој роман или автобиографија?
Неговите студенти ќе имаат задача да се обидат. Најголемиот дел од времето ќе го поминат на Интернет, но потоа ќе треба да претстават некаков материјал – историја на пребарување, пораки кои ги напишале, screenshots (слики од екранот од оствареното на Интернет) и да ги претворат во „емотивни литературни дела“.
Голдсмит вели дека уметниците и писателите во 20-тиот век поминувале многу време и енергија обидувајќи се да навлезат во својата потсвест и да најдат нови начини на создавање. Со Интернетот тоа денес иде многу полесно.
„Се обидуваме да направиме уметничко дело од таа полусвесна состојба, која ја имаме додека сурфаме на Интернет. Тоа е пожелна состојба на оваа чаша. Сакам вниманието на моите студенти да биде насекаде присутно.
„Тоа е нов надреализам – надреалистите сакале да бидат несвесни, а ние сме константно сме во таква состојба“.Новиот предмет на факултетот „Ivy League“ се обидува да ја острани стигмата со активности, која милиони луѓе ширум све

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.