Нов претседател на Студентскиот парламент на УКИМ е Давор Поповски

Нов претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (СПУКМ) со освоени 3.851 гласови е кандидатот Давор Поповски, соопшти СПУКМ.Вториот кандидат, Стефан Василевски, според Студентскиот парламент, освоил 1.275 гласови, имало 138 неважечки гласови, а вкупно гласале 5.264 студенти.
Од Студентскиот парламент на УКИМ наведуваат дека на вчерашниот избор на нов претседател на СПУКМ на сите 23 факултети гласањето почнало навреме во девет часот и завршило во предвиденото време во 16 часот.
Кандидати за студентски лидер, се вели во соопштението, беа под реден број 1. Стефан Василевски од Медицинскиот факултет, кој доби поддршка од 6 студентски парламенти на факултетите и под реден број 2. Давор Поповски, кој доби поддршка од 7 студентски парламенти на факултетите. Им честитаме на кандидатите за нивната коректна кампања, која се базираше на програма која им нуди проекти и можности на студентите.
Според СПУКМ, изборниот процес се одвивал во фер и демократска атмосфера, каде што можност имаа студентите да го дадат својот глас и достојно да го изберат својот нов лидер. Во текот на изборот, се вели во соопштението, имаше тенденции за скандализирање на изборот од страна на Студентскиот пленум, кој е политички мотивиран, да направат упад во гласањето и да ги спречат студентите да го искажат своето демократско право на глас, што беше директен атак на слободата на студентското изразување.
– Воедно сакаме да упатиме остра критика и да го осудиме насилното однесување на Студентскиот пленум за време на изнесувањето на гласачките кутии од Правниот факултет, за време на пребројувањето на гласовите и за време на внесувањето на последните кутии во просториите на СПУКМ. Ваквиот начин на однесување сметаме дека не доликува на академски граѓани и на студенти кои треба да бидат авангарда и носители на иднината на нашата држава. Политички мотивираните насилни однесувања се одлика на оние кое сакаат да го уништат студентското движење, се вели во соопштението од СПУКМ.Вториот кандидат, Стефан Василевски, според Студентскиот парламент, освоил 1.275 гласови, имало 138 неважечки гласови, а вкупно гласале 5.264 студе

Пронајдете не на следниве мрежи: